More

    Шефот на Европската иницијатива за стабилност го коментира спорот Скопје-Софија

    spot_img

    Барањето на Софија Бугарите да бидат дел од македонскиот Устав не е тривијално за лидерите во Софија, а целта е Македонците да се бугаризираат преку ЕУ, смета шефот на влијателната Европска иницијатива за стабилност Гералд Кнаус. Во објава на социјалната мрежа Икс тој пишува:

    ,,Спорот е од каде доаѓаат овие луѓе, нивното минато и нивната иднина како Македонци. И (спорот е) заради политиката да се трансформираат оние кои денес се сметаат за етнички Македонци во Бугари преку притисок (вето) и стимулации (бугарски пасоши).

    Што ако Бугарија инсистира оние со два пасоша да се сметаат за бугарско малцинство во Македонија… малцинство што може да расте, колку подолго е заглавена Македонија?

    Ова малцинство, инсистира Бугарија, сега мора да биде вклучено во Уставот. Ова има смисла. Но, тогаш мора да добие и права, вклучително и образование на бугарски. А потоа: квоти? Постојана трансформација на етничките Македонци во Бугари, забрзана преку промени во културата и образованието, бидејќи децата во училиштата во Македонија треба да се учат дека нивните баби и дедовци биле всушност Бугари”, анализира Кнаус.

     

     

    ,,Тие мора да разберат дека кога бугарската армија, сојузник на Третиот Рајх, ја окупираше Македонија за време на Втората светска војна, таа не беше окупаторска сила, туку сила за добро, ослободувајќи ги сонародниците. Да се каже било што друго би било антибугарска пропаганда.

    Сите бугарски влади, исто така, силно инсистираат дека денес не може да има самоидентификувани Македонци во која било друга држава, надвор од контролата на скопските власти. Во Албанија може да има само бугарско (не македонско) малцинство. Во Бугарија може да живеат само Бугари. Секој што се чувствува етнички Македонец надвор од Македонија е нападнат како заблуден. Во Бугарија се распуштаат организациите на етничките Македонци. Пресудите на Европскиот суд за човекови права дека ова е кршење на нивните права се игнорираат”, пишува Кнаус и додава:

    ,,Одговорот што го дадоа многумина во Бугарија е јасен: ова е резултат на криминалната комунистичка манипулација започната во 1944 година. Оние кои беа тероризирани во 1944 година да се сметаат себеси за Македонци што зборуваат македонски, биле Бугари што зборуваат бугарски, исто како што биле и нивните татковци и дедовци. Без ова немаше да има Македонци денес ниту во Северна Македонија.

    Но, сега има надеж. Бугарските лидери најдоа алатка за да им помогне да преовлада нивната вистина за вистинските и лажните идентитети: желбата на македонските граѓани да влезат во ЕУ.

    Звучи бизарно но тоа е бугарската позиција”, смета Кнаус.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img