More

    Здравствените работници утре излегуваат на протест

    spot_img

    Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита поддржан од Сојузот на синдикатите на Македонија (СММ) утре (8 април) организира протест за незадоволството од непотпишувањето на Анексот на Колективниот договор за здравствената дејност кој го подготви Самостојниот синдикат за здравство, а со кој требаше да се зголемат платите на сите вработени во дејноста.

    Протестот ќе започне во 9 часот пред Работничкиот дом и во 10 часот ќе продолжи пред Министерството за здравство.

    „Протестираме за да кажеме дека бараме да се потпише Анексот веднаш по завршување на изборниот процес, но со дополнително соодветно зголемување на коефициентите на вработените согласно зголемените трошоци на живот“, велат од Синдикатот.

    Оттаму ги повикуваат политичките партии кои претендираат да ја водат државата и како нивен иден социјален партнер да ги слушнат нивните барања.

    „Протестираме за да покажеме дека сме тука, дека не отстапуваме од нашите барања за зголемување на платите на вработените во дејноста и веруваме дека ќе бидеме слушнати. Ако не нѐ слушнат ќе се вратиме повторно и ќе се вратиме побројни“, се вели во најавата за протестот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img