More

    (ФОТО -ВИДЕО): Дали опожарувањето на локалот на јавниот правобранител Агрон Речи во Охрид е дел од меѓупартиската пресметка во ДУИ?

    spot_img

    Вчерашното опожарување на угостителскиот дуќан во сопственост на државниот јавен правобранител Агрон Речи во Охрид ,лоциран во центар на Охрид ,градски пазар,само додатно ја отслика шест годишната вандалска валкана игра ,која постана охридско секојдневие.

    Кој и со каква цел му испрајќа порака на јавниот правобранител Агрон Речи?

    Од како Охридскај обзнани за немилиот настан , по социјалните мрежи започнаа недолични коментари, во смисол дека Речи сам го запалил објектот за да земел некакви си оштети од осигурување на објектот! За напомена ,опожарениот локал во сопственост на Речи НЕ Е ОСИГУРАН, како што не биле осигурани и поголем дел од приватните објекти во коомплексот Градски пазар,кој се зафатени од пожарот.

    Годиниве наназад охриѓани се свидетели на неколку подметнати пожари на автомобили,како што беше случајот опожарување на возило на охридски адвокат, обвинител, судија, сопственик на хотелски комплекс итн , и ниту еден од овие настани не добил правна разрешница, поточно сторителите се непознати за органите на прогонот!!!!

    Последниот настан со опожарување на објектот во сосптвеност на државниот јавен правобранител Агрон Речи,а со саото тоа и предизвикување на општа опасност и оштетување на материјални добра во сопственост на Општина Охрид  и други приватни лица,додатно го отсликува хаост кој цели шест години владее во Охрид ,благодарение на неспособната корумпираана полициска клика,која патем наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и нивниот имот, тие се грижат исклучиво за своите криминални деанија,кој им носат подобар живот?!

    Агрон Речи можеме да кажеме со сигурност би требало да знае кој му ја прајќа пораката,пред се затоа што се работи за висок државен функционер на кого според функцијата му следува и определено обебзедување од страна на МВР.

    Од она што го следевме како редакција директно од местото на настанот ,при увидот ,може да констатираме низа пропусти во предистрагата :

    1.Наместо форензички тим видовме лица кој само можат да ги корумпираат доказите,поточно цивилни лица кој се шетаа низ опожарениот објект?!

    2.Во вакви случаеви ЈО требало веднаш да даде наредба за проверка и одзеање на видео надзор во радиус од 1000 метри од настанот , со цел да се доловат сторителите,логистиката која ги чекала, возило со кое дошле до местото на настанот и слично, што во даден момент не е сторено,а има големи изгледи голем дел од видео надзорите да исчезнат сниените материјали?

    3.Крајно прашуваме ,зошто не беше повикана екипа на криминалистичката полиција при БЈБ на МВР,која е итекако постручна и поопремена за ваков вид на увиди ,зошто сепак се работи за имот на висок државен функционер?

    Агро Речи подолг период има недоразбирања со своите сопартици од ДУИ, посебно со техничкиот премиер Талат Џафери, кој според информациите кој ги има редакцијата Охридскај,од Агрон речи барал да си поднесе оставка од некакви си лични причини, нешто што Агрон Речи не го прифатил…

    Претходно објавени ни вести:

    Како што објави редакцијата Охридскај ,утрово кај 4 часот избувнал голем пожар во угостителски објект ,во градскиот пазар во Охрид.Угостителскиот објект каде избувнал пожар е во сопственост на Државен Јавен правобранител Агрон Речи.

    Според свидетели на настанот пред избувнување на пожарот се слушнале две силни детонации последователно една по друга.Очигледно пожарот е предизвикан од НН лица,а која порака ја испратиле кон сопственикот на објектот Агрон Речи , останува да утврди истрагата.Првичната теорија дека пожарот бил предизвикан од електричната инсталација , веднаш паднала во вода , со оглед на фактот дека отсвен локалот во сопственост на јавниот правобранител Агрон Речи ,зафатени се уште 7 други деловни објекти,од кој еден во сопственост на сопругот на првата дама на охридските социјалдемократи Кристина Крлеска Деспотовска, како и други објекти во сопственост на градежната компанија Илинден Струга и ЈП Градски Пазар-Охрид.Доколку бил причинител електрична инсталација , тогаш цилиот комплекс на Градски Пазар Охрид ќе останел без електричен напон од предизвикани споеви на електричната инсталација.Од самото место јасно се гледа дека во објектот се фрлени запаливи течности , кој предизвикале силен оган и силни топлотни температури,кој предизвикале буквално растопување на севкупниот инвентар на локалот,како и топење на дел од ѕидните површини на поголе дел на објектот на градски пазар во Охрид.

    поголем дел на Градскиот пазар во Охрид е затворен се до конечни истраги од страна на надлежните и на ЈП Градски Пазар како сопственик на пазаришниот дел.

    Ваквите случаи на потпалување на објекти во Охрид постанаа своевидна традиција,а до сега сторители на вакви гнасни дела не се пронајдени од страна на надлежните,поради безброј пропусти намерни или не во истрагите.

    Причинеттат материјална штета се проценува на над 1 милон евра

     

    Прва објавена вест:

    Изутрина околу 4 часот голем пожар го зафати дел од охридскиот градски пазар.како што дознаваме пожарот избуванал во кафич кој е во сопственост на јавниот правобранител на РСМ Агрон Речи,а од пожарот биле зафатени и соседните деловни објекти.Во моментов големи полициски сили и јавни обвинители вршат увид на местото на анстанор.Повеќе во тек на денот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img