More

    Еве што договарале Ахмети и Ковачевски според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Државата ни ја одземаа. Народот изгуби контрола над системот, институциите се киднапирани од стотина души на ДУИ кои управуваат со се. Додека тие од СДСМ им се верни слуги во секој криминал и тендер. И навистина е лицемерно од ДУИ и СДСМ да велат дека носеле храбри одлуки што е храброст да продадеш име, устав, да проблематизираш историја, и повторно да бидеш пред портите на ЕУ. Затоа што и тие од ЕУ знаат дека криминалци владеат со државата, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кочани.

    Мицкоски укажа дека од СДСМ и ДУИ се подготвени на се за да ги задржат фотелјите и привилегиите.

    – Затоа излезот го бараат во двете сценарија. Првото е тивкиот бојкот за претседателсите избори кој го заговараат. Додека се удираат во гради дека ќе згазеле во вториот круг, всушност тие сакаат да одработуват на тивок бојкот и спласнување на атмосферата на изборите. Второто сценарио е она на Ковачвски кој ја дал најдарежливата понуда до Али Ахмети. Ахмети има добиено бел лист на хартија од Ковачевски на кој само треба да ги напише институциите и министерствата кои сака да ги добие – кажа Мицкоски.

    Мицкоски порача дека излезот од сето ова е масовна излезност на изборите, како и масовна и недвосмилена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ која е единствената сила за промени.

    – Таа поддршка ни е потребна и за да нема уцени, ниту притисоци. Да имаме сила за промени, а таа сила можете само вие да ја дадете, народот на Македонија. Во првиот круг тука победата беше убедлива. 8079 гласа на 3900 за поранешнот претседател Пендаровски. Сега поддршката нека биде уште поголема за да може да жолтиот картон од првиот круг да биде црвен. Имаме незавршена работа, која ќе се финализира со огромна победа на 8 мај – изјави Мицкоски.

    Мицкоски се обрати и до неопределените, како и оние кои гласаа за кандидатите кои не се дел од вториот круг.

    – Цунамито не огромниот бран на промени е започнат. Приклучете се и бидете дел од оваа генерација која одучува за сопствената иднина. Има надеж и ние заедно ќе се избориме. Сите оние кои пак во првиот круг гласаа за некој од другите опозициски кандидати кои сега се надвор од трката за претседател. Дојдете и поддржете ја единствената и главната сила за промени Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ. Да не се ситнат промените. Приклучете се таму каде што е огромното мнозинство кое ја носи новата надеж за иднината на државата – кажа Мицкоски.

    Мицкиски на крајот им порача на граѓаните: „Ова не е Македонија што ја сакаш и ја заслужуваш. Овие избори се последна шанса за спас. Ширете ја пораката на промените. Тоа не се промени за освети не се промени за поделби. Тоа се промени во кои надежта го победува стравот. Заедништвото ги победува поделбите“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img