More

    Фолксваген го прекинува производството на својот најпопуларен модел

    spot_img

    Германскиот производител беше принуден привремено да го прекине производството на својот најпродаван модел T-Roc, поради недостиг на делови предизвикани од поплавите во Словенија.

    Според официјалните продажни резултати, Volkswagen T-Roc не само што е најпродаваниот автомобил на германската компанија на европскиот пазар, туку и еден од најпопуларните автомобили во Европа воопшто.

    Со оглед на овој факт, сосема е јасно дека раководителите на Volkswagen не се премногу среќни што привремено мораа да го прекинат производството на T-Roc во фабриката Autoeuropa лоцирана во португалскиот град Сетубал.

    Промо
    Како што јави германската агенција ДПА, причина за прекинот на производството е недостатокот на делови од моторот. Оваа агенција доби интерен меморандум испратен до работниците во фабрика во близина на Лисабон. Компактниот кросовер T-Roc, кој е достапен и како кабриолет, нема да се произведува уште неколку недели, почнувајќи од првата половина на септември, пишува Нова.рс.

    Volkswagen минатата година произведе 231.000 T-Roc модели, а шпионските фотографии открија дека втората генерација е подложена на опсежни тестирања. Производителот од Волфсбург веќе најави дека T-Roc ќе биде меѓу последните нови автомобили кои ќе се нудат со мотори со внатрешно согорување.

    ДПА смета дека ќе биде загрозено и производството на други модели поради недостигот на компоненти на моторот. Се верува дека поплавите во Словенија го погодија добавувачот што произведува делови за T-Roc. Со оглед на тоа што овој кросовер од C-сегментот ја дели MQB платформата со многу други возила на Volkswagen, постои ризик истата судбина да ги снајде и другите сериски автомобили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img