More

    Европската земја ќе забрани влез на руски туристи

    spot_img

    Норвешка одлучи повеќе да не пушта руски туристи во земјата. Министерството за правда соопшти дека одлуката е донесена поради војната во Украина.

    Почнувајќи од 29 мај, Норвешка сериозно ќе го ограничи влезот на руски државјани кои доаѓаат во земјата за туризам или други несуштински цели, објави владата на својата веб-страница.Новите правила ќе важат и за оние кои добиле влезна виза од други земји од Шенген. Со ова Норвешка на руските туристи ќе им го ускрати последниот директен пристап до европската Шенген зона, чиј член е и таа.

    Како што објасни норвешката министерка за правда Емили Енгер Мехл, одлуката за построги правила за влез е во согласност со позицијата на Осло да „застане покрај своите сојузници и партнери како одговор на нелегалната агресија на Русија против Украина“ од февруари 2022 година.

    Од пролетта 2022 година, Норвешка речиси престана да издава туристички визи за руските граѓани. Само имателите на долгорочни визи издадени пред овој период, или оние кои поседувале визи од други земји од Шенген, можеа да ја преминат граничната станица Сторског-Борис Глеб, единствениот копнеен граничен премин меѓу Норвешка и Русија.

    Според новите правила, од следната среда ќе биде спречен да влезат во Норвешка, пренесува француската новинска агенција АФП.

    Сепак некои исклучоци
    Исклучоци ќе важат за оние руски државјани кои ги посетуваат членовите на своето потесно семејство кои живеат во Норвешка и оние кои имаат студиска или работна дозвола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img