Европратеничка ја обвини претседателката на ЕК дека подгрева војни

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Дали се тоа европски вредности?“.

Со ова прашање шпанската европратеничка Ирене Монтеро директно ја предизвика Европската унија, обвинувајќи ја дека соучествува во глобалното вооружување и крвопролевање. Во остар настап пред Европскиот парламент, таа ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, „Урсула Бомб дер Лајен“, алудирајќи на нејзината поддршка за израелскиот напад врз Иран.

Монтеро ја насочи критиката и кон поширокиот западен блок. Според неа, САД и Израел се „најголемите закани за човештвото“, а многу лидери во ЕУ „го хранат чудовиштето“, термин што го употреби за да го опише континуираното ескалирање на воени тензии.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше уште една мета на нејзината критика, особено по неговата благодарност до Израел за тоа што, како што рече Мерц во едно интервју, Израел ја „направил валканата работа за сите нас“.

 

 

Во својот говор, Монтеро укажа на, како што таа вели, двојните стандарди: Иран е обвинет за развој на нуклеарно оружје, додека, како што рече, Израел веќе го поседува тоа, а САД остануваат единствената земја што некогаш фрлила атомска бомба.

Реакцијата на Монтеро дојде по масовниот напад на Израел врз иранските нуклеарни и воени цели на 13 јуни, што предизвика ескалација и размена на удари меѓу двете земји, со десетици загинати.

Лидерите на ЕУ, вклучително и Франција и Фон дер Лајен, според неа, ја поддржаа самоодбраната на Израел.

- Advertisement -
Ad image

Пратеничката од Шпанија, позната по својот левичарски и антиимперијалистички став, го искористи говорот и за да се спротивстави на предлогот на НАТО за зголемување на воените трошоци на 5 отсто од БДП. Таа постави реторичко прашање: дали повеќе оружје навистина значи повеќе безбедност за Европа?

На крајот, Монтеро апелираше до ЕУ да престане да „клечи“ пред американскиот претседател Доналд Трамп и пред израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за кои рече дека го туркаат светот кон нов глобален конфликт.

Share This Article