More

    Ескалацијата на конфликтот на Блискиот исток влијае на цената на горивата

    spot_img

    Иранскиот напад на Израел и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток ја поскапе нафтата на светските берзи. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски вели дека следната недела ќе има појасна слика што ќе се случува со цените на горивата, но не очекува да има сериозно поскапување, објави ТВ Телма.

    Дали тоа ќе се случува понатаму, во многу ќе зависи од тоа каква ќе биде состојбата со Израел и Иран во следниот период.

    – Јас очекувам, ако оваа ескалација се зголеми, сировата нафта да отиде и над 100 долари, но тоа се случувања на кои никој не може да влијае. Не верувам дека ќе има драматични промени, големи. Но, клучна ќе биде следната недела што ни претстои, имајќи предвид дека и во Русија се погодени неколку рафинерии кои произведуваат дизел кои имаат 8 до 9% во вкупната потрошувачката во Европа. Така да следната недела ќе биде клучна, во која насока ќе се движат цените на нафтените деривати – истакнува Бислимоски.

    Познавачите на оваа проблематика предупредуваат дека пред нас е нов ценовен шок ако продолжи овој раст.

    – Aко остане оваа цена подолго време како што е, 90 долари за барел, иако има некои прогнози дека може да оди и до 100 долари за барел, тоа би можело да предизвика нови инфлаторни притисоци, но тоа глобално – вели Бојан Цветковски, претседател на АЦИ Македонија.

    Од почетокот на годинава досега, цената на нафтата е зголемена за околу 10%. Паралелно расте и вредноста на доларот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img