More

    Двајца членови на бандата „Пинк Пантер“ од Балканот се уапсени во Грција

    spot_img

    Во Грција се уапсени двајца Срби, провалници на златари кои претходно биле уапсени како членови на групата „Пинк Пантер“, но успеале да останат во бегство.

    Најмалку од декември 2023 година до нивното апсење по неодамнешната акција, тие ограбувале златарници во центарот на Атина, во кои влегле ноќе, пробивајќи ги надворешните ѕидови на зградите, а биле снимени од безбедносните камери – објави денеска РТВ СКАИ и ги објави тие снимки.

    Во последните акции ограбиле накит во вкупна вредност од 315.000 евра, а се истражува и нивното учество во други акции.

    Единствено беше објавено дека се уапсени Срби и дека едниот имал 53 години, а другиот 50.

    СКАИ пишува дека бандата „Пинк Пантер“, чии членови се од балканските земји, е „добро структурирана и високо активна транснационална криминална организација“ со која ИНТЕРПОЛ и ЕВРОПОЛ се занимаваат подолго време. Главно крадат од златари, а вршат и разбојништва при што применуваат различни методи во зависност од вештините, техниките и способностите на нивните членови специјализирани во државата во која работат.

    Најчесто во секоја земја тие се во мали независни групи, во кои има само сонародници од Србија, Црна Гора и други земји. Тие се со живеалиште во земјата во која работат. Станува збор за „професионални криминалци“ кои детално ја извидуваат целта и ја следат со денови пред нападот.

    Тие користат фалсификувани документи за патување, патуваат одделно со различни транспортни средства за да ја избегнат можноста да бидат уапсени заедно. Користат или возила со странски регистарски таблички од различни земји, или возила од државата во која работат, регистрирани на имиња на лица без криминално досие.

    Членовите на групите „Пинк Пантер“ главно имаат огромно искуство со конкретните акции што планираат да ги спроведат и методите што имаат намера да ги користат, а тоа се претежно луѓе со кои веќе се занимаваат властите.

    Тие ги идентификуваат целните продавници многу порано, спроведуваат надзор, развиваат акционен план и таргетираат конкретен накит и злато. Се претпоставува дека имаат мрежа за испраќање и продажба на украдени предмети со голема финансиска корист, заклучува СКАИ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img