More

    ДУИ ја зазеде цела земна територија на Македонија , но каков сопственик би бил тој ,ако не го контролира и небото??!!

    spot_img

    Општо познат беше фактот дека сторителите на тешко кривочно дело во МНАВ,предводени од ударната перјаница на ДУИ Беким Незири,ќе куртулат од притвор,но како тргнала работава со нашето крајно девастирано судство не треба да не изненади на крај истиот овој процес да нема никаква завршница.

    Али Ахмети и ДУИ по ниту една цена нема предизборно да го дадат својот главен фронтмент во Чаир и Скопје.Искрено не сакам да верува , но ваквата одлука на судот да не изрекува мерка Притвор , во услови кога уште четири лица се во бегство и кога имаме тешко кривично дело од меѓународни размери ,секако дека преставува врв на скандалот кој по кој знае кој пат ни го приредува „независното“ судство во Македонија,посебно кога се во прашање кадрите на ДУИ и фамилијата на Али Ахмети!!!

    Јавниот обвинител во текот на денешниот ден ќе вложел жалби на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и им беа определени мерки на претпазливост, информираат од ЈОРСМ, но и таа жалба ќе се разгледува пред кривичниот совет на крај на идната недела ,во време кога треба да започне екипирањето на техничката влада, па така натака и , таа одлука на кривичниот совет ќе биде политички килава,поточно не се очекува било каква промена на одлуката на судијата на претходна постапка.

    Како и да е ,судии на претходна постапка делеле мерки притвор на лица кој на некое лице му залепиле еден шамар, тоа се мерки за оние смртници кој решиле да си го бранат своето достоинство,а не за овие „преторијански “ гарди од ДУИ,кој благодарение на килавоста на СДСМ ,кои му ја предадоа целата Македонија на ДУИ ,за бедни фотељи за власт.

    ДУИ ја зазеде цела земна територија на Македонија , но каков сопственик би бил тој ,ако не го контролира и небото,нема крај на желбите со амин на СДСМ!!

    Жалосно…

    С.Денесовски

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img