More

    Доколку мартовските плати, што треба да ги земат во месец април останат исти, здравствените работници повторно ќе излезат на улица

    spot_img

    Доколку мартовските плати, што треба да ги земат во месец април останат исти, здравствените работници повторно ќе излезат на улица.

    Од Незвисниот синдикат најавија нови протести, велат револтот и незадоволството од ниските примања е сѐ поголем.

    Вработените во здравството со овие плати не можат да го преживеат месецот. Протест за време на пауза, тричасовно затворање на јавните здравствени установи или генерален штрајк се трите опции за кои во следниот период ќе одлучува коориднативното тело на синидкатот.

    – Од една страна имаме изјава од министерот дека нема да има покачување, од друга страна од заменик-министер кој што работат во исто министерство, имаат канцеларии карши – карши викаат дека ќе има линеарно покачување на платата на сите вработени во здравствениот сектор, од хигиеничар до доктор, ако не дојде до ова линеарно покачување ние со координативното тело имаме три опции….протест пауза, затварање на клиники и генерален штрјак – изјави Боби Бојчевски, националниот координатор на Независниот синдикат.

    Дополнително останува и долгогодишниот проблем со нивните колеги кои се со договор на дело. Од Синдикатот побараа регулирање на нивниот статус, но и навремена исплата, обвинуваат дека имало здравствени работници кои со месеци работат без надомест.

    – Тие се дел од секојдневната здравствена услуга и во амбулантите, поликилиниките и во болниците. Поради многу голем недостаток а персонал ќе влијае и врз останатиот персонал кој е веќе по договор на неопределено бидејќи, работните обврски се поделени, работиме еден за тројца, уште да ги нема тие на договор на дело јас не знам како ќе функционираме… – вели Кристина Олевска од Синдикат ГОБ 8-ми Септември.

    Од Независниот синдикат изминатата година неколкупати протестираа поради аномалии во колективните договори и ниските плати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img