More

    Директорот на БЈБ Тасевски ја предводи делегацијата од Секторот за меѓународна полициска соработка во работна посета на Стариот град на Ерусалим

    spot_img
    Денеска ја предводев делегацијата од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, поточно од Секторот за меѓународна полициска соработка во работна посета на Стариот град на Ерусалим, каде што е стационирана полициската станица во надлежност на областа Ерусалим, каде имавме можност да се запознаеме со работата на израелските колеги, истакнува директорот на БЈБ Сашо Тасевски.
    За време на посетата имавме средба со Комесарот на израелската полиција г. Јаков Шабтаи, како и командирот на полицијата на областа Ерусалим г. Дорон Тургеман, а воедно ги посетивме и Базиликата на Светиот Гроб и Ѕидот на Плачот.
    За време на посетата на полициската станица, од страна на нашите израелски колеги, ни беа презентирани сложените ситуации со кои се справуваат на секојдневна основа, со лицата од различни религии и многуте туристи, како и тактиките за набљудување, работа на полицијата со заедницата и одржување на непристрасност кон различните религии, се со цел одржување на безбедноста и нормалното функционирање.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img