More

    Џон Траволта раскажа за блиската средба со смртта

    spot_img

    Холивудскиот актер Џон Траволта откри како неговото искуство – блиската средба со смртта, додека управувал со авион во 1992 година, го инспирирало да ја преземе улогата во новиот краток филм на Дизни+ „Овчарот“.

    Тој изјавил за „Вариети“ дека „доживеал електричен колапс“ во авионот со кој управувал додека летал со семејството над Вашингтон.

    „Овчарот“ ја раскажува приказната за млад пилот кој се обидува безбедно да слета откако доживеал електричен дефект во воздухот. Премисата е слична на она што Траволта, лиценциран пилот, рекол дека го доживеал во 1992 година. Потсетувајќи се на инцидентот за време на интервју во Лондон, како што пренесува „Вариети“, Траволта изјавил дека „доживеал електричен колапс“ во авионот со кој управувал додека летал со семејството над Вашингтон.

    „Знаев како е да веруваш дека нема излез, дека ќе умреш. Имав два добри млазни мотори, но немав инструменти, немав струја, ништо. И мислев дека е готово“, изјави 69-годишниот актер. На крајот, тој безбедно слетал, но тоа го опишал како „вистинско чудо“.

    Токму затоа го привлекло сценариото на филмот „Овчарот“, кој е заснован на истоимената книга на Фредерик Форсајт од 1975 година. Накратко, Траволта игра добар Самарјанин кој води млад пилот (го игра Бен Редклиф) на безбедно, откако ќе се најде во опасност кога радиото и струјата му откажат, со ограничено гориво, според официјалното сценарио.

    Траволта додаде дека е длабоко трогнат од приказната и дека Редклиф „го доловил очајот што го чувствувате кога мислите дека всушност ќе умрете“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img