More

    Џафери смета дека не погрешил со отфрлањето на Иницијативата

    spot_img

    Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва уште повтори дека не ја прекршил процедурата околу отфрлањето на иницијативата за референдум за поништување на Договорот со Бугарија поднесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Зошто да си поднесам оставка? Кој вика дека сум ја прекршил процедурата? Кои се тие што повикуваат за моја оставка? Со кој мандат? Ги почитувам тие експерти што викаат дека сум прекршил процедура, но ниту еден од нив не се соочил со спроведување на прописи. Едно е теоретско разгледување и хипотеза, а друго е практичната примена на носителот на функциите. Јас не толкувам, туку спроведувам за она што сум се изјаснил во моментот на мојот избор и во тој момент, како што е процедурата, сум дал заклетва и сум се обврзал да го почитувам Уставот и законите. Уставот е над сите правни акти – рече Џафери.

    Тој нагласува дека сам не толкува ништо, туку само спроведува.

    – Затоа испратив известување дека нештата што дошле до мене, првично се спротивни на Уставот. Сите прописи се подредени на Уставот. Јас имам 20 години искуство во учесто во работата во Собранието. Никаде не пишува во членот што треба да се прави, туку дека јас треба да спроведам Устав и правилник – потенцира Џафери во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

    Џафери истакна дека надлежост на претседателот на Собранието е да ја испитува уредноста на иницијативите. Вели дека како уставна категорија, два прописа се значителни и решителни за работата на Собранието, Уставот и Деловникот.

    – Претседателот на Собранието ја испитува уредноста на иницијативата и сите мислат дека го толкувам Уставот. Должен сум да ја имам суштината в предвид. Нека покренат кривична пријава, стопати претходно покренаа кривични против моите одлуки. Сите одлуки се во моја полза. Во Брисел можев да зборувам на било кој јас, ќе бев пресреќен да зборувам и на англиски – рече Џафери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img