More

    Децата „жив го закопаа“ за наследството од 300 милиони евра

    spot_img

    Славниот холивудски актер Ален Делон (88) преживува тешки денови во староста што ја поминува на својот имот во Даши, централна Франција. Неговите деца Ентони, Анушка и Ален Фабијан неодамна беа во центарот на вниманието поради односот кон нивниот татко. Тие во нивната беспоштедна борба за наследството, го прекинале лекувањето на 88-годишниот актер што довело до влошување на неговата здравствена состојба.

    Речиси ниедни превирања во едно француско семејство не предизвикале толкава врева, толку многу љубопитност и толку многу непријатности како тажната старост на славниот Ален Делон, пишуваат француските медиуми. Семејствата вообичаено почнуваат да се расправаат за наследството по смртта на некој познат богаташ. Во овој случај, иако ослабен од мозочниот удар, Делон е жив и е сведок како неговите деца и некои медиуми го закопуваат жив.
    Во текот на изминатите две недели, наследниците на Ален Делон се нафрлија едни на други во смртоносно крешендо: навреди, најгрозни обвинувања, емитување тајни снимки и поднесување секакви жалби. На 4 јануари, весникот Paris Match објави текст со насловот „Во име на таткото“ во кој го прикажува го секој потег на Ален Делон и на неговото семејство повеќе од половина век, при што секој го бара своето место како „најдобро“ дете.

     

    Во центарот на кавгите кои настанаа меѓу славниот актер и неговите деца е прашањето за наследството – имот вреден 300 милиони евра. Сепак, она што најмногу ја шокираше јавноста е веста дека децата на актерот го прекинале неговото лекување во август, што доведе до влошување на неговата здравствена состојба. Исто така, тие сакаат нивниот татко да биде ставен под старателство.
    Пред неколку дена, поранешната партнерка на Делон, Хироми Ролин ги осуди нивните постапки. Таа за РТЛ изјави дека децата на Делон, со кои живеела од 2006 година, го ставиле во опасност животот на нивниот татко. 66-годишната Ролин рече дека Ален Делон се чувствувал многу добро минатиот јули кога била исфрлена од неговиот имот во Души. Таа истакна дека на 21 ноември успеала да разговара со Делон преку мобилен телефон и дека тој звучел како да му снемува здив.

    Адвокатот на францускиот актер, Кристоф Ајела, изјави дека Делон е „луциден“ и дека не се согласува со барањето на неговите деца да го стават актерот под судско старателство.

    – Не се согласувам со неговите деца, кои сакаат да го стават под старателство, ми изгледа бескорисно и насилно. Мислам дека е незамисливо децата да го прекинат лекувањето и покрај лекарските совети – вели адвокатот, уверувајќи дека 88-годишниот актер, иако е во лоша здравствена состојба, сепак е многу разумен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img