More

    Снежна бура каква што не е видена во последните 25 години ја покри Норвешка. Главниот град Осло е во сообраќаен хаос

    spot_img

    Снежна бура каква што не е видена во последните 25 години ја покри Норвешка. Главниот град Осло е во сообраќаен хаос, пренесува 24сата. Хрватка која живее таму вели дека едвај стигнала на работа и дека некои луѓе останале заглавени во нивните куќи бидејќи снегот им ги затрупал вратите па морале да излезат низ прозорците.

     

    – Жал ни е, ова е хаос. Надвор е минус 10, но тоа не е проблемот. Падна толку многу снег што немаа време да го расчистат. Вака никогаш не било, минатата недела беше -25. Беше тотален колапс, луѓето се евакуирани од метроата, снема струја во делови од градот – изјави таа.

    Сите автобуси во центарот на Осло се откажани, а останатиот дел од јавната транспортна мрежа на норвешкиот главен град е погоден од големи проблеми поради снежното невреме.

     

     

    „Голем дел од јавниот превоз е зафатен од снежното време. Ова води до одложувања и откажувања на неколку линии. Ви препорачуваме да не патувате денес. Ако сепак треба да патувате, ве охрабруваме да планирате однапред и да го проверите планерот за патување“, напиша транспортната мрежа својата веб-страница во средата.

     

    Со големи проблеми се соочија и градските линии на трамваите и метроата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img