More

    Реал Мадрид е шампион

    spot_img

    Победата на Реал Мадрид од 3:0 над Кадиз во 34. коло од Ла Лига, што беше нивна седма во низа во првенството и последователниот пораз на Барселона од Џирона (2:4) ја обезбедија титулата за кралскиот клуб на четири кола до крајот на сезоната.

    „Белите“ собраа 87 бодови, додека второпласираната Џирона има 74 и не може да го помести тимот на Карло Анчелоти од врвот.

    Колосот од Мадрид сосема заслужено дојде до титулата, имајќи најмногу победи во досегашниот тек од првенството – 27, најмалку порази – 1, најмногу постигнати голови – 74, како и најдобрата одбрана со 22 примени гола. Дополнително, тимот оствари две победи над големиот ривал за титулата Барселона – (2:1 и 3:2), кои дојдоа по головите во последните секунди на големата ѕвезда Џуд Белингем.

    Реал по рекорден 36-ти пат стана шампион на Шпанија. Барселона е втора на вечната ранг-листа на Ла Лига со 27 први места, додека Атлетико Мадрид ја подигна титулата 11 пати.

    Ова е деветта титула за „белите“ овој век, како и трета во последните пет сезони, откако 2019/2020 и 2021/2022 исто така триумфираа во Ла Лига.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img