More

    Левица реагира каде ќе завршат предложените 25% според новиот закон за спорт

    spot_img

    Спортистите и спортските клубови очекуваа правични измени во Законот за спорт по повод Ваучер системот кои беа најавени, а за возврат добија небулозни нови измени што ги предложи Министерот за правда до Собранието на Македонија во кои се предвидени 25% од средствата кои ќе се дадат преку ваучерот да може да се дадат на странци, пишува во соопштението на Левица.

    Според информациите до кои дојде Левица средствата кои се даваат на годишно ниво преку ваучерот за македонските спортски субјекти воопшто не се доволни за настап на сите натпреварувања кои се предвидени на годишно ниво.

    „Ова е голем удар за македонските спортисти и спортски клубови, бидејќи доколку раководството на клубот одлучи дел од средствата да ги даде на спортист странец тоа сега ќе може да го направи со овие законски измени! Со ваквите измени воопшто не се поддржува националниот спорт, напротив истиот системски се уништува и наместо да се вложува во државни тимови и индивидуалци се дава предност на странски спортисти“, реагираат од партијата.

    Оттаму додаваат дека Левица е апсолутно против овие законски измени и ќе се залага за укинување на овие паушални измени кои се донесени на штета на македонскиот спорт.

    фото:МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img