More

    ДЕСЕТ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ ВО ХИРУРШКИ БЛОК ВО ОХРИД -ОТКАЖАНИ, ЗАКАЖАНИ ОПЕРАЦИИ НА КАРЦИНОМИ, ЖОЛЧКИ, БУБРЕГ, ТИЕ ИМАЛЕ ВРЕМЕ ДА ЧЕКААТ АКО ПРЕЖИВЕАТ???!!!

    spot_img

    Охридскај денес обзнани дека  надвор од функција Oперативниот блок при хирушкото одделение на ЈЗУ Општа болница Охрид ,масовно се откажуваат закажани операции на граѓани,тотален распад на јавно здравствениот систем во Охрид. Народот има една убава мисла : „Ем шуто, ем боде“, се вжештија телефонските линиии, ургенции да се повлечел текстот, така било ама кои сме биле ние да пишуваме за охридската болница, од каде право на новинари да се мешале во работата во јавното здравје и други глупави пикантерии??

    • Јавните здравствени установи не се создадени да бидат нечија приватна прчија, уште помалку се создадени за лекување на лични фрустрации на поедини таму вработени, а уште повеќе од фактот, што истите тие ги финансира напатениот народ, кој патем требало да гледа со огромен респект кон нив, биле недодирливи….За нивна жал ете ние новинарите кои сме хриничари на едно време, ќе оставиме пишана трага како тоа некој се иживувал врз здравјето на граѓаните, како и да се вика тоа лице во бел мантил..

    НЕ ЕДЕН, ТУКУ ТРИ АПАРАТИ ЗА АНЕСТЕНЗИЈА ОСТАНАЛЕ НАДВОР ОД ФУНКЦИЈА!!

    Поставеноста на Охридската болница, која по многу нешта е уникатна во јавно здравствениот систем во Македонија во делот на хируршките гранки е следна:

    -Хируршко одделение

    -Уролошко одделение

    -Оддел за ОРЛ

    -Оперативен Блок при ЈЗУ Општа болница

    Во Охридската болница има две хируршки сали, каде и двата поставени апарати за анестезија биле надовор од функција 1 месец. Најнапред се расипал едниот, па другиот, при што се користела салата на одделот за ОРЛ, која била најмалку експлоатирана во Охридската болница, од причина што овој оддел во изминатите 5 години едвај да има 50 хируршки интервнции, не да нема потреба, туку нема доктор што би влегол во сала да оперира, така сите пациенти се препраќаат во скопските клиники или во приватниот здравствен сектор. Откако и на одделот за ОРЛ дошло до квар на апаратот за анестезија, останал во функција само апаратот за анестезија од оделот на Урологија, а и сите три хирушки сали се под ингеренција на Оперативен Блок при ЈЗУ Општа болница, која како посебна единица е создадена во 2017 година.

    Со оглед дека 3 од 4-ри апарати за анестезија биле во дефект, ВД Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Асен Шајн издал наредба до раководителот на Оперативен Блок да се откажат сите закажани операции на пациенти во Охридска болница, а во сала да се влегува само за потреби на итен случај…

    ДЕСЕТ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ ВО ХИРУРШКИ БЛОК -ОТКАЖАНИ, ЗАКАЖАНИ ОПЕРАЦИИ НА КАРЦИНОМИ, ЖОЛЧКИ, БУБРЕГ, ТИЕ ИМАЛЕ ВРЕМЕ ДА ЧЕКААТ???!!!

    Меѓучовечките односи во ЈЗУ Општа болница Охрид, на раб на лекарска војна која ќе доведе до несогледливи последици во јавно здравствениот систем во Охрид. Пизма, кодошење, завидливост и лечење на комплекс на повисока лекарска вредност постанаа секојдневие во охридската болница, наместо да се лекуваат пациентите, која е примарна работа на лекарите..

    Наводно како би се создало некаков си ред во Хируршки блок, менаџментот на охридската болница носи некакви си „Десет божји заповеди“ како ќе функционира хируршкиот блок и како треба да оперираат лекарите – хирузи?!

    Секако доколку не би било смешно, би било трагично, така се наредува :

    • „Лекар кој има операција во сала не смее во сала да оди со млад колега хирург, туку треба со себе да води свој постар колега“
    • „Лекар кој има операција во сала не смее во сала да оди со сестра од друг хируршки оддел, ако нема моментално сестра, ќе треба да почека со операција“..

    Ова се само две од десетте божји заповеди во охридската болница, но тука не завршува глупоста..

    Имено сите оние пациенти кои се болни од карцином, а кои имале закажано хируршки операции, според десетте божји заповеди во охридската болница не спаѓаат во групата Итни интервенции, туку ќе мора да чекаат подобри времиња, секако доколку до тогаш преживеат. Иста судбина ги чека и другите пациенти на кои неопходно им е потребна хируршка интервенција, не се итни имаат време на претек додека не си го измерат директорот и лекарите подобни, со оние според нив неподобни колеги, на кого им е подолг…

    Додека едните си го мерат со замилен противник, министерот за здравство – или министерот за СМРТ, 12 годишниот студент на стоматологија Беким Сали мрава не го лази, битно е да се штанцаат специјализации на факултетот во Тетове..

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img