More

    Дмитриј Медведев се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг за време на посетата на Пекинг

    spot_img

    Дмитриј Медведев, поранешен претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност, се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг во средата за време на посетата на Пекинг, јавува Ројтерс. Кабинетот на Медведев соопшти дека за време на неговата средба со Си, тој му пренел лична порака од рускиот претседател Владимир Путин која содржела пријателски поздрави и честитки.

    Во кратката изјава за природата на средбата, Медведев рече дека тој и неговиот кинески домаќин, меѓу другото, разговарале и за внатрепартиска соработка меѓу Единствена Русија која ја предводи Медведев и Комунистичката партија на Кина.

    Кинескиот претседател ги поздравил контактите меѓу двете партии како единствена платформа за градење политичка доверба меѓу народите, се вели во соопштението што го пренесе медиумот Ксинхуа.

    Зборувајќи за ситуацијата во Украина, кинескиот претседател го повторил повикот на Кина за воздржаност од сите страни и ги повика да најдат мирно решение. Тој изрази надеж дека на конфликтот може да му се стави крај со политички средства.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img