More

    Дамијано Давид си го фаќал половиот орган среде концерт и плукал по публиката

    spot_img

    Пејачот Дамијано Давид (24), познат како главен вокал на италијанската група „Манескин“, ужива во плодовите на славата што ја стекна по победата на Евровизија во 2021 година.

    Дамијано оттогаш стана миленик на жените. Познат е по своите контроверзни настапи, иако на последниот концерт ги згрози своите обожаватели. На социјалните мрежи се прошири видео од Дамијано, снимено во текот на еден од последните концерти на групата „Манескин“.

    На видеото се гледа како Дамијано го допира својот полов орган пред публиката, а во еден момент тој плука вода во посетителите на концертот. Многумина во коментари напишале дека ваквото однесување е сосема непријатно и дека веќе не можат да го препознаат момчето кое ја освои европската публика во 2021 година со настапот на „Евровизија“.

    „О, мајко, одвратно“, „Бедно“, „Колку е здодевен“, се само дел од коментарите под видеото кое било споделено од одредена девојка на Твитер. Иако многумина биле „згрозени“ од однесувањето на пејачот, некои обожавателки се согласиле дека Дамијано сè уште им бил привлечен.

    Дамијано по настапот на „Евровизија“ се стекнал со титулата „миленик на жените“. Неговиот бенд, „Манескин“, за разлика од многумина кои се прославиле на овој фестивал и веднаш паднале во заборав – денес ужива статус на глобално популарен бенд и редовно се на светски турнеи.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img