More

    Душко Тошиќ ѝ испраќал пораки на Северина, па сега ја откри причината

    spot_img

    Топ тема во балканските медиуми деновиве е веста дека фудбалерот Душко Тошиќ, кој сè уште е во брак со пејачката Јелена Карлеуша, и испраќал пораки на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.

    Приватната преписка помеѓу Северина и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ ја објави неговата сопруга Јелена Карлеуша на Фејсбук. Војната помеѓу двете пејачки започна откако Карлеуша јавно ги осуди изјавите на Северина на тема Сребреница, кои хрватската пејачка ги даде во интервју за време на престојот во Сараево.

    Северина пред неколку дена преку Инстаграм и се обрати со шокантна порака, па и ги испрати и преписките со Душко, кои Карлеуша потоа ги објави на своите профили на социјалните мрежи.

     

    По скандалот со преписките меѓу Душко и Северина, се огласи и самиот фудбалер.

    – Неодамна купив јахта која е закотвена на Босфор и сакав да направам прослава, а моите пријатели од групата „Whats up“ предложија Северина да ни пее. Па, тоа е причината за мојот контакт – рекол Тошиќ за српски „Курир“.

    Инаку, Душко вчера на социјалните мрежи објави видео од јахта закотвена на Босфор, а дали тој пловило е негово, останува да видиме.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img