More

    Трамп удри по Бајден, па беше исвиркан

    spot_img

    Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп беше неколку пати исвиркан додека се обраќаше на Националната конвенција на Либертаријанската партија, толпата го навредуваше и ја осуди неговата политика против коронавирусот.

    Ова беше редок случај Трамп да се соочи со отворено непријателска толпа затоа што е навикнат да зборува на митинзи каде што добива голема поддршка, пренесува Асошиејтед прес.

    Трамп ги пофали собраните на конвенцијата како „големи поддржувачи на слободата“ и го нарече американскиот претседател Џозеф Бајден „тиранин“ и „најлошиот претседател во историјата на САД“, на што поединци од публиката возвратиле „Тоа си ти“, наведува агенцијата.

    Додека продолжија навредите против него, Трамп рече дека Либертаријанската партија не сака да победи и дека некои нејзини членови сакаат „да продолжат да ги добиваат своите три отсто од гласовите на секои четири години“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img