More

    Дали Османи „по грешка“ најави предвремени избори?

    spot_img

    За неколку месеци ќе го добиеме првиот албански премиер, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, но овојпат во улога на координатор на огранокот на ДУИ во Чаир.

    Тој на чаирчани вечерва јасно и гласно им порача дека Македонија за неколку месеци ќе го добие првиот премиер Албанец, а ова е ова е првата изјава на владин претставник во која се најавуваат избори оваа година.

    – Бевме народ без јазик, народ без знаме, народ бес достоинство, но работите сега се променети. Да почнеме со претседателот на државата кој е консензуален и кој ја води војската со печат на албански јазик. Да продолжиме со претседателот на Собранието и со употребата на албанскиот јазик. Во регионот имаме три парламенти во кои се водат седници на албански јазик. Ја имаме и Владата во која за неколку месеци ќе го добиеме првиот албански премиер – рече Османи.

    Според кажаното, Османи најверојатно мисли на пржинскиот договор за техничката влада што им претходи на сите парламентарни избори, односно на правилото премиер-Албанец да ја води земјава во последните 100 дена пред одржувањето на изборите.

    Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со месеци бара предвремени парламентарни избори, но досега од Владата беа изрични дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img