More

    д-р Марјан Шокаровски нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија

    spot_img

    За нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е назначен д-р Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање – информира Министерството за здравство.

    „Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, специјализирал на Универзитетски клинички и болнички центар – Загреб, Хрватска, со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје.

    Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси.

    За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи“ – се вели во соопштението

    Пред повеќе од две недели министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од директоркото место на Клиниката за кардиохирургија, и притоа рече дека во неговото работење биле утврдени нерегуларности. Подоцна му понуди да биде негов советник, што тој го одби, и на крајот остана на Клиниката за кардиохирургија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img