More

    Ми наплатуваат повеќе затоа што имам богат брат

    spot_img

    Тоска Маск, најмладата сестра на милијардерот Илон Маск, работи во кинематографија и се пожали дека луѓето често и наплаќаат за нивните услуги повеќе отколку што треба, бидејќи претпоставуваат дека нејзиниот брат плаќа за сè.

    Сестрата на Маск која е режисер и извршен продуцент, вели дека неодамна добила фактура за локацијата на нејзиниот нов филм која била „надувана“ за дополнителни 20.000 долари.

    – Локацијата требаше да чини 5.000 долари, но кога го слушнаа моето име и претпоставија дека сум богата, решија да ми наплатат 25.000 долари. Тоа не е навистина фер, нели, се пожали Тоска Маск.

    Таа објасни дека луѓето често погрешно претпоставуваат дека нивното семејство отсекогаш било богато, но таа потсетува дека тоа е далку од вистината

    – Откако моите родители се разведоа, мајка ми, моите браќа и јас бевме заедно и немавме пари, вели сестрата на Илон Маск и додава дека нивната мајка Меј работела и по пет работи за да ја издржува неа, Илон и нивниот брат Кимбал.

    Маск, чија вредност според индексот на Блумберг се проценува на 233 милијарди долари, сам го создал своето богатство.

    На прашањето дали нејзиниот брат финансиски и помага, Тоска има интересен одговор.

    – Ако речам не, луѓето ќе речат дека тој воопшто не ме поддржува, а ако кажам да, ќе мислат дека платил за се.

    Таа објасни дека постојано и се случуваат ситуации во кои луѓето се обидуваат да и се доближат за да стигнат до милијардерот, но и дека таа веќе научила како да ги „одбие со време“.

    Инаку, Тоска Маск е ко-основач на Passionflix, стриминг платформа слична на Netflix и од овој бизнис има заработено 170 милиони долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img