За денеска е закажан нов протест „Србија против насилството“, овојпат граѓаните ќе формираат голем обрач околу РТС, најавија организаторите.Како што се наведува во соопштението, ова веројатно ќе биде најголемиот или еден од најголемите народни собири што досега се одржале во Белград и Србија.
„Поради очекуваниот многу голем број луѓе и ограничените можности за движење, организаторите овојпат се одлучија за многу пократка рута на движење која ќе заврши со формирање на обрач околу РТС“, се наведува во соопштението.
Протестот ќе започне пред Народното собрание во 18 часот, а граѓаните во процесија ќе се движат по булеварот „Краља Александра“ до Правниот факултет, потоа ќе свртат лево на улица „Београдска“, лево во улица „Илија Гарашанина“ и повторно ќе заминат во Таковска до РТС.