More

    Чави по Ел Класико: Не ни се допаѓа динамиката на натпреварите

    spot_img
     Фудбалскиот тренер на Барселона, Чави Ернандез, по првиот пораз (3:1) сезонава во Примера од најголемиот ривал Реал Мадрид, изјави дека неговиот тим имал добри моменти, кои не ги искористиле. „Се враќаме со празни раце. Не ги искористивме нашите моменти на добра игра. Не ни се допаѓа оваа динамика на натпреварите, нешто мора да се промени. Не можам да бидам задоволен со ништо кога загубивме со 3:1. Единствено позитивно е што оние кои беа изоставени, подоцна играа со ентузијазам, обидувајќи се да ги поправат работите“, изјави Чави. Овој натпревар беше одлична можност за стручниот штаб да види што не е во ред со играта на Барселона. „Досега бевме добри во Ла Лига, но мора да играме посилно, поагресивно. Разговаравме за тоа, мора да најдеме начин да ги запреме контранападите, со првиот гол не фатија во транзиција“. Барселона во средата загуби од Интер во Лигата на шампионите, но Чави смета дека тоа не влијаело на нивната игра. „Не верувам дека тој натпревар имаше влијание. Без да играме одлично, можеше да биде 1:1 или 2:2, но кога не ризикуваме, вакви работи се случуваат на Бернабеу. Не бевме лоши во првиот дел, но ако сакаме да победуваме на вакви натпревари, мора да го промениме менталитетот. Пред сè, треба да ги намалиме грешките. Не покажувам со прст кон играчите, јас сум капетан на бродот и прифаќам дека и јас грешам. Сепак, Реал не прави толку многу. Јасно е, ние сме тим во процес на изградба, но мора да созрееме за да играме на ова ниво“, заклучи Чави.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img