More

    Дали ви се превисоки сметките за парно? Обидете се со овие совети

    spot_img

    Температурите почнуваат да опаѓаат по рекордното топло лето, а со пониските температури доаѓаат и сметките за парно, кои годинава би можеле да бидат многу повисоки од претходно поради поскапувањето на енергенсите.

    Пред да ја зголемите топлината до крај, погледнете како можете да ги намалите сметките за комунални услуги оваа зима со брзо прилагодување на термостатот. Cnet ви ги нуди најдобрите начини за ефикасно загревање на вашиот дом.

    Најдобра температура на термостатот
    Според американското Министерство за енергетика, најдобро е да се одржува температура од 20 степени во текот на денот. За максимална ефикасност, можете да поставите осум часа дневно во текот на кои ќе ја намалите температурата за неколку степени. На овој начин можете да ги намалите годишните трошоци и до 10 проценти. Спиењето во поладни простории е поврзано со подобар сон и можете да го намалите термостатот дури и додека сте на работа во текот на денот.

    Во текот на летото, додека спиете, поставете го термостатот на 27 степени, а кога излегувате од дома на 29 степени, препорачува американското Министерство. Ако тоа може да звучи како премногу, општо правило е да ја поставите температурата на термостатот неколку степени повисока неколку часа на ден за да заштедите пари.

    Важно е и каде го поставувате самиот термостат. Обидете се да го инсталирате подалеку од врати или прозорци, како и делови од станот изложени на директна светлина. Ставете го на внатрешниот ѕид на дел од домот што често го користите.

    Дали имате топлинска пумпа?
    Не е идеално да се плеткаш со термостатот неколку пати на ден. Најдобро би било да инсталирате паметен термостат или оној што ви овозможува да закажете автоматски промени на температурата.

    За жал, некои такви термостати не работат во комбинација со топлински пумпи. Ако имате таков систем, побарајте совет од експерт кој термостат да го купите.

    Како да заштедите повеќе
    Ако сте фрустрирани од високите сметки за греење, можеби ќе ви биде привлечна идејата да се префрлите на зелена енергија како што е сончевата енергија. Можете сами да генерирате енергија со соларни панели и со тоа да ги намалите трошоците и зависноста од јавната мрежа. Тие се еколошка алтернатива на традиционалните извори на енергија и ви обезбедуваат чист извор на енергија во текот на целата година (вклучувајќи ја зимата).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img