More

    Чадот од шумските пожари го затемни австралискиот град Сиднеј  кој денеска заедно со индиската престолнина Њу Делхи е на врвот меѓу најзагадените градови во светот

    spot_img

    Чадот од шумските пожари го затемни австралискиот град Сиднеј  кој денеска заедно со индиската престолнина Њу Делхи е на врвот меѓу најзагадените градови во светот.

    Индексот на квалитетот на воздухот, во главниот град на австралиската држава Јужен Велс, кој е познат по ведрото и сино небо, достигна 161 по 17 часот по локално време во областите северно од центарот на градот, достигнувајќи ниво поради кое граѓаните се советуваат да избегнуваат престој на отворено.

    Австралиската противпожарна служба вели дека до вечер јужните ветрови треба да почнат да го растеруваат чадот што се надвил над градот, кој е стотици километри јужно од местото каде во пожарите изгореа околу 136.000 хектари шума.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img