More

    Бочварски вели дека не е платен вториот аванс за „Бехтел и Енка“

    spot_img

    Сѐ уште не е исплатен вториот дел од авансот за компанијата „Бехтел и Енка“ кои треба да ги градат коридорите 8 и 10д, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

    – Како што најавивме, ќе биде транспарентно и во моментот кога ќе имаме таква исплата кон Јавното претпријатие за државни патишта и потоа кон компанијата ќе ја информираме јавноста – рече Бочварски.

    Прашан кога може да се очекува „Бехтел и Енка“ да достават проект, Бочварски посочи дека во тек се механички истраги без кои, како што рече, би имале лош проект.

    – Компанијата започна со дел механички истраги, коишто се исклучително потребни и од значење за проектирањето. Без тие истраги, ќе имаме лош проект, којшто ќе се рефлектира лошо при изградбата на автопатските делници. Таа механизација ќе работи колку што е доволно за да ги направи сите потребни истраги за да имаме добар, квалитетно изработен проект. Согласно динамиката, веднаш потоа се започнува со проектирање. Таму каде што имаме државно земјиште, ќе се започне со работа веднаш по одобрувањето на проектот. Сите проекти ќе ги одобрува ЈПДП и целиот процес ќе биде под контролата на државата – потенцира Бочварски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img