More

    Бизнисот бара да се преиспита одлуката на Владата

    spot_img

    Доколку намерата на Владата e  да се заштитиа социјалната категорија граѓани  преку определување на  највисоката трговска маржа до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало, како посебен услов во трговијата, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка, велат од Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора.

    Тие бараат  дополнителни консултации со Министерството за економија со цел изнаоѓање избалансирано решение за процентот на  замрзнување на маржите во трговијата на големо и на мало.

    Нивните пресметки се дека маржата треба да замрзне на 20 отсто.

    -Во согласност со податоците, само за плати се издвојуваат 8 – 14 отсто од прометот, а со носењето на Законот за минимална плата и со нивното линеарно зголемување, тој процент ќе биде и повисок. На енергенси отпаѓаат 5 – 6 отсто%, на одржување 7 – 10 отсто, а за плаќање закуп за простор од 3 до 4  отсто од вкупниот промет. Оттука, ако маржата се замрзне за одреден период, таа треба да биде во висина од 20 отсто во трговијата на мало – велат од Здружението.

    Истовремено, компаниите бараат и корекција на листата на производи, односно одлуката да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа.

    Доколку Владата на РСМ не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци.

    Затоа, претставници од овие два сектора, со намера да помогнат во изнаоѓањето избалансирано решение за замрзнување на маржите во трговијата на големо и на мало, бараат итна средба со ресорниот министер.

    – Само на тој начин, со вклучување на бизнис заедницата и консултации со Стопанската комора ќе може да се дојде до поквалитетно решение – велат од Стопанската комора.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img