More

    Беспилотни летала камикази го напаѓаат Киев, војниците пукаат во нив

    spot_img

    Неколку експлозии одекнаа во раните утрински часови во Киев, точно една недела откако Русите го нападнаа главниот град на Украина, пренесе АФП. Агенцијата Ројтерс објави дека нападот го извршиле беспилотни летала – камикази, повикувајќи се на соопштението на Андрија Јермак, директор на кабинетот на украинскиот претседател.

    „Русите мислат дека тоа ќе им помогне“, напиша Јермак преку Telegram, апликација за пораки. Три експлозии се слушнале помеѓу 6:35 и 6:58 часот по локално време. Сирените сигнализираа воздушен напад непосредно пред првата експлозија.

    Киев беше нападнат пред една недела
    Минатиот понеделник, на 10 октомври, Русите силно го бомбардираа Киев и другите украински градови, при што загинаа 19 лица, а беа повредени 105, што предизвика меѓународна осуда. Еден ден подоцна, Русите продолжија со воздушните напади, но со помала жестокост, а нивна главна цел беа енергетските капацитети на западот на Украина.

    Нападите беа извршени во знак на одмазда за експлозијата во која делумно беше оштетен мостот на Крим, стратешки многу важен за Русите. Минатиот петок рускиот претседател Владимир Путин го изрази своето задоволство од воздушните напади и оцени дека вакви деструктивни напади врз украинските градови во моментов не се неопходни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img