More

    Почна вежбата на нуклеарните сили на НАТО

    spot_img

    Вооружените сили од 14 земји-членки на НАТО денеска почнаа годишна вежба за симулирање на одбраната на територијата што ја покрива Алијансата користејќи нуклеарно оружје.

    Во вежбите, наречени „Steadfast Noon, учествуваат 60 авиони, вклучувајќи борбени авиони, авиони за надзор и полнење гориво, како и бомбардери Б-52 од САД, кои ќе летаат од Северна Дакота, според НАТО.

    Вежбата ќе продолжи до 30 октомври, соопштија од Алијансата. Вежбата е редовна, се одржува секоја година и нема директна врска со настаните околу војната во Украина, објасни минатата недела генералниот секретар на пактот Јенс Столтенберг.

    Домаќин годинава ќе биде Белгија. Во вежбата ќе се користат само макети на нуклеарно оружје, објаснуваат од НАТО.

    Планирано е да се реализираат летови над Белгија, Северното Море и Велика Британија од база лоцирана во околината на Брисел. Целта на вежбата е да се тестира подготвеноста на нуклеарните сили за одвраќање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img