More

    Беса: Целта е да се изгради заеднички став за уставните измени

    spot_img

    До крајот на оваа недела лидерот на Движењето Беса Биљал Касами ќе се обиде да договори заедничка средба на лидерите на сите партии на Албанците во Македонија, за да изградат заеднички став во однос на уставните промениобјави телевизијата Канал 5, повикувајќи се на извори во Движењето Беса.

    Беса има намера да испрати покани до лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, до Алтернатива на Африм Гаши, како и до Мендух Тачи, лидерот на ДПА, со цел да изградат заеднички став за промена на формулацијата во Уставот каде што за службен јазик на локално ниво се смета јазик што го зборуваат 20 отсто од населението. Од Беса сметаат дека наместо тоа, треба да стои „албански јазик“.

    Изјавата на Ахмети дека формулацијата „20 отсто” не ја загрозува положбата на Албанците, ја сметаат за скандалозна, и со неа официјално ДУИ само потврдува дека ќе се бори против ваквата уставна промена, велат извори во Беса.

    Ахмети викендов изјави дека албанскиот јазик ќе биде прецизиран во македонскиот Устав во вистинско време и со тоа нема да се загрозат Македонците, без да прецизира дали тој ќе се обиде да ги разубеди другите албански партии да не ги условуваат уставните измени со ова прашање.

    – Нема никаков проблем, сме разговарале и со ВМРО и со СДСМ. Во вистински момент, кога ќе имаме 80 пратеници за 2/3 мнозинство, бидејќи тоа е потребно за промена на Уставот, овој проблем може да се поправи. Ве уверувам дека 20 отсто не влијае на албанската супстанца во оваа земја и не сум загрижен дека тоа нема да се случи утре рече Ахмети.

    Од ДУИ засега нема одговор дали Ахмети ќе прифати средба иницирана од Касами.

    Во меѓувреме, на поканата на Касами позитивно одговориле единствено од Алијанса за Албанците, од каде повторија дека и тие би биле домаќини на таков состанок. Велат дека в.д. претседателот Таравари е подготвен ден поскоро да седне на маса со другите лидери за да разговараат за оваа тема, која ја поставија како услов при уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, и потенцираат дека за нив актуелната формулација за службениот јазик е навредлива.

    Од Алтернатива за Канал 5 изјавиле дека координативни средби од ваков тип се свикуваат кога има несогласувања, а во овој случај сите албански партии се обединети и не гледаат никаква потреба од средба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img