More

    Белград инсистира дека тројцата Срби во Бањска биле брутално убиени

    spot_img

    Еден од тројцата убиени Срби, Бојан Мијаиловиќ, бил убиен „лице в лице“ додека лежел повреден во настаните во Бањска, обвини Петар Петковиќ, проректорот на канцеларијата за Косово и Метохија на Србија. На прескоференција Петковиќ објави фотографија од телото на Мијаиловиќ велејќи дека сите тројца Срби биле брутално убиени, пренесува Б92.

    Петковиќ рече дека е испратено и второ писмо до ЕУЛЕКС во кое Србија бара ЕУЛЕКС да одговори зошто бил одбиен да присуствува на обдукцијата на телата, истакнувајќи дека обдукцијата и наодите се клучни за да се докаже дека Србите биле брутално убиени.

    – ЕУЛЕКС соопшти дека обдукцијата била извршена на 26 септември, а во изводот на смртта што го добиле семејството пишува дека е извршена на 25 септември – посочи Петковиќ велејќи дека Србија претходно открила дека целиот процес бил „обвиен во тајност“.

    – Тука некој лаже, или ЕУЛЕКС или Приштина – додаде тој.

    Петковиќ информираше дека според она што можеле српските вештаци да го анализираат од фотографијата, влезната рана на Мијаиловиќ била во пределот на левиот очен капак, а излезната рана на десната страна на главата. На него јасно пишува дека е убиен додека лежел на грб, односно „ан фас“, лице в лице.

    Петковиќ изјави и дека косовскиот премиер Албин Курти „продолжува со својот терор“, потсетувајќи дека уште еден Србин бил уапсен додека одел на погребот на еден од тројцата убиени Срби.

    На телевизијата „Пинк“ во Србија во неделата беше емитувана непроверена аудиоснимка од наводен сведок на настаните во Бањска. Гласот на снимката вели дека случајно се нашол таму и „сретнал наши луѓе во униформи“, бегал и дека наводно видел како Мијаиловиќ бил убиен од полицајците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img