More

    КАЦАРСКА И ПОРАНО ДОБИВАШЕ ЗАКАНИ Сè до ножот, не пријавуваше, велат од Уставен суд

    spot_img

    Уставниот суд потврдува дека во текот на вчерашниот ден претседателката на овој суд, Добрила Кацарска, во полициска станица пријави евентуално загрозување на сигурноста, откако на нејзиниот приватен паркинг, во близина на нејзиниот дом, на место каде што се наоѓа нејзиниот личен автомобил е најден нож до прекинувачот за струја кој го осветлува делот околу нејзиниот паркинг и некои други предмети.

    „Што се однесува до прашањата дали станува збор за некаква закана, порака до претседателката Кацарска или се работи за случајност очекуваме одговорите да ги даде истрагата. Во однос на прашањата дали имало закани досега, претседателката Кацарска потврдува дека имало повеќе непријатности во јавноста и ситни инциденти изминатиот период кои не се пријавени, закани преку социјалните мрежи, но на нејзино лично инсистирање, не дозволи да се реагира се до вчерашната пријава“, велат од Уставен суд.

    За потсетување, од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    -На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img