More

    Арсовска смени 36 директори за 22 месеци, сега бара пет нови

    spot_img

    На градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска никако да ѝ се погодат в.д. директорите кои таа ги именува, па во моментов објавени се огласи за избор на пет нови директори на јавни претпријатија.

    Град Скопје минатата недела објавии огласи со кои бара директори за ЈСП „Скопје“, „Градски паркинг“ и „Лајка“, а викендов на интернет страната се појавија огласи за избор на прв човек во „Водовод и канализација“ и на јавната установа Младински културен центар.

    Во речиси двегодишниот мандат на градоначалничката Арсовска сменети се повеќе од 30 директори.

    Ниту Град Скопје ниту Арсовска, а ниту управните одбори на претпријатијата и институциите опфатени са конкурсите, засега не даваат никакво објаснување која е потребата постојано да се именуваат, разрешуваат и прераспределуваат директорите од едно во друго претпријатие и каков е проблемот со актуелните директори или в.д. директори. Според постапките може да се заклучи дека на градоначалничката тешко ѝ се погодува некој на подолг рок.

    Огласот за директор на „Водовод и канализација“, претпријатие со кое во моментов раководи Драган Илиевски, кој претходно беше директор на Зоолошката градина, трае само 7 дена од објавувањето, што значи до крајов на неделата, па заинтересираните кандидати имаат малку време да ги соберат и достават потребните документи. Во огласот се вели дека директорот се избира со мандат од 4 години, исто како што беше посочено во огласот објавен во јули годинава, со кој исто така се бараше директор на ова јавно претпријатие. На оваа функција остана Илиевски, откако претходно седум месеци беше в.д. директор.

    Девет месеци в.д. директор на МКЦ е дипломираниот детектив Никола Алексов, чие назначување и разрешување на дотогашниот Ванчо Алексов, предизвикаа неколкудневни протести на дел од вработените, но и на вљубениците во културата и поддржувачите на независната културна сцена. Сега и тоа директорско место е на „оглас“.

    „Покрај главните услови за пријавување, кои мора да бидат исполнети, како поседување меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик, 5 години работен стаж во областа на културата или 5 години работно искуство на работи или проекти во областа на културата, врз основа на склучени договори за дело, потребно е кандидатите да поднесат и пријава со кратка биографија и програма за работа и развој на установата“, се вели во огласот на Град Скопје.

    За ова расправаше и Државната комисија за спречување корупција од каде како незаконски ги оценија назначувањата на в.д. директорите на МКЦ и на Зоолошка градина. Антикорупционерите донесоа и одлука за поведување кривична постапка против градоначалничката Арсовска која ги именуваше, како и против именуваните, кои свесно постапувале спротивно на законските одредби.

    Според ДКСК грешката на Арсовска е во тоа што, спротивно на законот, во МКЦ и во Зоолошката градина именувала лица кои не биле вработени во овие јавни установи, што е спротивно на чл. 31 од Законот за култура, кој предвидува именување на в.д. директори од редот на вработените во тие установи и со мандат од само 6 месеци.

    Арсовска ја презеде градоначалничката позиција во ноември 2021 година, односно таа е на функција 22 месеци. Ова практично значи дека најмалку по едно претпријатие или установа месечно останувала без раководното место, а на негово место доаѓал друг.

    Најмногу директори, дури четворица, се сменети во Градски паркинг, а по тројца директори биле сменети во Улици и патишта, Јавното сообраќајно претпријатие и Водовод и канализација, откако Арсовска е на челната позиција во главниот град.

    Единствените институции кои се под ингеренции на Градот, а каде што Арсовска не сменила директор се Детскиот културен центар Карпош, Универзална сала и Домот на култура „Кочо Рацин“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img