More

    Бела Хадид заврши во болница

    spot_img

    Славната манекенка Бела Хадид (26)  ги загрижи своите следбеници откако во понеделникот во криптичната објава на Инстаграм сподели фотографии од нејзините модринки на нозете и грбот покриени со завои.

    Манекенката на својата приказна на Инстаграм објави фотографии на кои седи топлес на креветот во болничка соба, со завој околу десната рака и парчиња газа на грбот. На следната фотографија се гледаат нејзините нозе покриени со големи, темни модринки, додека на третата фотографија е прикажан шприц исполнет со крв.

    Бела не откри повеќе детали за нејзината здравствена состојба, а претходно изјави дека боледува од Лајмска болест, односно бактериска инфекција која го напаѓа телото. Во потешки случаи, може да доведе до проблеми со срцето, оштетување на нервите, отекување на зглобовите и тешкотии со концентрирање. Пред шест години, Бела зборуваше на настан на Глобалната Лајмска Алијанса за нејзината борба со Лајмската болест.

    – Понекогаш спијам по 12 часа и не можам да станам од кревет. Имам силни болки во зглобовите, таканаречена мозочна магла и анксиозност. Има многу симптоми кои не можат веднаш да се видат. Животот продолжува и не смеам да се откажам – рече тогаш Бела.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img