More

    Бектеши: Од денеска не важат замрзнатите цени на одделни прехранбени производи

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши изјави денеска дека  нема гаранција дека производите кои имааа замрзнати цени нема да поскапат, но рече дека добил ветување од компаниите за тоа. Доколку  се забележи дека цените вештачки се зголемат, тогаш ќе стапат на сцена инспекциите.

    -Во однос на цените на производите, утврдено е дека речиси сите се намалени со владините мерки. Да, тие нема да важат. Ако одредена компанија, одреден сектор, вештачки ќе се обиде да ги зголеми цените, институциите ќе влезат во функција и нема тоа да биде дозволено. Имавме разговори, каде што тие кажале дека за одредени производи ќе има и намалување – изјави денеска  Бектеши.

    Тој информира дека не се планирани посебни мерки, но рече дека ќе се следи спроведувањето  на законите.

    -Не предвидуваме никакви мерки, само ќе важат сите одредби од Законот за пазарна инспекција, УЈП и Финансиска полиција, како и Законот за заштита на потрошувачите. Инспекциите мора да ги вршат контролите согласно тоа што е донесено како одлука од страна на Владата – рече Бектеши.

    Од денеска се одмрзнати цените на прехрнбените производи кои беа замрзнати во повеќе наврати од почеток на годината.

    Првата одлука за замрзнување на цените беше донесена на 28 февруари кога се замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, а потоа на 16 март Владата донесе одлука да се замрзнат и цените на дел од тестенините и млечните производи. На 21 март стапи во сила и одлуката за замрзнување на цените на оризот и јајцата, додека на 5 април беа замрзнати цените и на 11-те видови овошје и зеленчук. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img