More

    Бабовски најави нови мерки за борба против африканската чума

    spot_img

    Во борбата со африканската чума кај свињите Агенцијата за храна планира да употреби и дронови за набљудување на дивите свињи, покрај соработката со ловџиите.

    Ова го соопшти првиот човек на Агенцијата Николче Бабовски на состанок на постојаната експертска група за африканска чума кај свињите во Европа кој се одржува во Брисел.

    – Подобрување на соработката со ловџиите и ловните друштва за унапредување на пасивниот надзор, продолжување со спроведувањето на кампањи за подигнување на јавната свест за опасноста од болеста, категоризирање на ловиштата врз основа на степенот на имплементација на биосигурносните мерки и нивно унапредување, се дел од предизвиците на кои Агенцијата ќе ги насочи активностите во справувањето со африканската чума кај свињите во иднина. Во контекст на унапредување на постојните, но и воведување на нови можности и мерки, планирано е зајакнување на надзорот над болеста со употреба на нови технологии како што се дроновите – изјави Бабовски.

    Тој ги презентира и податоците според кои годинава биле тестирани 2.838 диви свињи од кои позитивни на болеста африканска чума кај свињите биле 85 животни. Кани пак биле тестирани 2.920 диви свињи, а позитивни биле 36.

    Бабовски вели дека државава презема превентивни мерки за справување со болеста уште од 2018 година, а првиот случај на свинска чума е забележан во јануари 2022 година.

    – Годинава кај питомата популација свињи евидентиравме 7 жаришта на болеста, од кои 6 кај мали одгледувачи, кои одгледуваат по неколку свињи за сопствени потреби. За жал, погодена беше и една голема комерцијална фарма во село Таринци каде биосигурносните мерки беа имплементирани на највисоко ниво, но и покрај тоа моравме да убиеме и нештетно да отстраниме дури 8.514 свињи. Епидемиолошката истрага не покажа поврзаност на ова жариште со другите кои беа евидентирани во државата – вели Бабовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img