More

    „Астра зенека“ првпат во судските документи призна дека нејзината вакцина против ковид-19 може да предизвика многу ретки несакани ефекти

    spot_img

    Фармацевтската компанија „Астра зенека“ првпат во судските документи призна дека нејзината вакцина против ковид-19 може да предизвика многу ретки несакани ефекти, објави британски Телеграф.

    Во колективна тужба, фармацевтската компанија се соочува со бројни наводи поврзани со нејзината вакцина против коронавирус. Некои од барателите на обештетување тврдат дека починале нивните роднини, а други, пак, дека вакцината предизвикала сериозни болести.

    Истражувањата, сепак покажуваат дека вакцините против ковид-19, вклучително и „Астра зенека“, спасиле милиони животи.

    Првото обвинение беше изнесено лани од таткото на две деца Џејми Скот кој добил згрутчување на крвта што предизвикало оштетување на мозокот и не можел да работи откако ја примил вакцината во април 2021 година.

    Во тужбата, покрената според Законот за заштита на потрошувачите во Обединетото Кралство, се вели дека вакцината е „неисправна“ бидејќи е помалку безбедна одошто луѓето имаат право да очекуваат.

    „Астра зенека“ ги негира овие тврдења, но во судскиот документ, поднесен до Високиот суд на Англија во февруари, призна дека нејзината вакцина против коронавирус „може, во многу ретки случаи, да предизвика ТТС“.

    Адвокатите во овој случај велат дека кратенката ТТС означува тромбоза со синдром на тромбоцитопенија, а кога ќе се појави по вакцинацијата, се нарекува и VITT (имуна тромбоза индуцирана од вакцина со тромбоцитопенија).

    TTS/VITT е редок синдром кој се карактеризира со истовремена појава на тромбоза (згрутчување на крвта) и тромбоцитопенија (низок број на тромбоцити/тромбоцити).

    TTS/VITT предизвикува потенцијално животозагрозувачки последици, вклучувајќи мозочни удари, оштетување на мозокот, срцеви напади, белодробна емболија и ампутација, велат застапниците.

    Тромбозата во многу форми може да се појави и кај невакцинирани луѓе.

    Компанијата бара од секој барател да докаже дека вакцината, а не некој друг фактор, го предизвикала типот на тромбоза познат како ТТС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img