More

    Кинеската влада го хакирала британското Министерство за одбрана?!

    spot_img

    Кинеската влада извршила неколку кибер напади врз платниот систем на британското Министерство за одбрана кој содржи приватни информации за воениот персонал, објави британски Скај њуз.

    Членовите на Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе бидат информирани за овој инцидент.

    Пратеникот на Конзервативната партија Тобијас Елвуд изјави дека Кина „најверојатно бара финансиски слабости“ кај воениот персонал за да натера некои припадници да соработуваат со Кина во замена за пари.

    – На потешкиот начин учиме како уметноста на војување бргу се менува со напредокот на технологијата. Одбраната на дигиталниот терен сега е исто толку важна како и одбраната на физичкиот. Доколку овој вид на кибернапад се случува во Велика Британија, можеме да претпоставиме дека ќе бидат нападнати и други земји-членки на НАТО – рече Елвуд.

    Истрагата на Министерството за одбрана досега не покажала дека се украдени некои податоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img