More

    Антикорупциска ја анализираше набавката за изборите

    spot_img

    Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) утврди недоследности во постапката за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачите и во исполнувањето на одредбите од договорот со избраниот економски оператор за набавка на уреди во вредност од над 11 милиони евра.

    Не е исклучено дека со техничката спецификација, која според Комисијата за заштита на конкуренцијата содржела ограничувачки критериуми, бил фаворизиран избраниот економски оператор.

    Од договорниот ангажман на избраниот оператор – правно лице од Германија (фирмата „Дермалог“), и на од него ангажираните подизведувачи, произлегло сомневање дека подизведувачите, кои се домашни правни лица во приватна сопственост, формално презеле голем дел од договорните обврски на изведувачот, при што едниот од нив за извршување на истите ангажирал државна образовна институција и физички лица – македонски државјани.

    – Воедно, индикативно е сомневањето дека еден од подизведувачите уште пред да биде објавен првиот оглас за јавната набавка, вршел активности поврзани со техничка поддршка, истражување на пазар, пронаоѓање на решение за проектот фингер принт за локални избори и пронаоѓање на производители, што упатува на сомневање дека тој подизведувач имал сознанија за активностите кои во тој период во ДИК биле во тек. Поголемиот износ на средства, кои од сметките на подизведувачите е пренесен на сметки на физички лица или на поврзани правни лица по уплатата на средства од страна на изведувачот, отвора сомневање во однос на целите за кои овие средства понатаму биле искористени – појаснуват од ДКСК.

    Исто така, Комисијата утврди дека не бил извршен и тест на функционалноста на набавениот систем, а врз основа на доставената документација не било стекнато уверување за квалитетот и навременоста на одржаните обуки за ракување со системот како и за усогласеноста на начинот на кој биле спроведени со одредбите од потпишаниот договор.

    Според Комисијата овие состојби во предметот укажуваат на сомнеж за сторена штета врз Буџетот на РСМ преку пропуштање на дејствија, ненавремено постапување, непостапување и злоупотреба на службената положба во корист на трети лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img