More

    Албанскиот парламент, по долга и жолчна расправа, пред полноќ, со 94 гласови го изгласа законот за досиеја на државна безбедност

    spot_img

    Албанскиот парламент, по долга и жолчна расправа, пред полноќ, со 94 гласови го изгласа законот за досиеја на државна безбедност. Воздржани беа двајца пратеници, а на гласањето на учествуваа демократските пратеници приврзаници на Сали Бериша.

    Владејачкото мнозинство и опозицијата ги обединија гласовите за одобрување на измените на „Законот за досиејата на државна безбедност” со што станува возможно да се отворат сите досиеја од 1944 до 1991 година.
    Воедно, според овие измени, кандидатите за високи раководни позиции повторно мора да поминат низ ситото на Управата за досиеја и покрај тоа што можеби претходно добиле потврда за чистота од двете комисии формирани за таа цел „Мезини” и „Бежани”.

    Законските измени предизвикаа бројни дебати во последните две недели во парламентарната законодавна комисија и во Собранието, по што синоќа мнозинството го прифати амандманот на Демократската партија за отворање на сите поранешни досиеја.

    Триесетгодишната дебата за поранешните досиеја за безбедност беше повторно активирана во последната недела од јули откако Управата за досиеја испрати писмо до собранието во кое се вели дека важен политичар со иницијали И.М. соработувал со поранешната Државна безбедност. Сите дебати беа насочени кон поранешниот претседател Илир Мета, кој постојано негира дека соработувал со поранешната тајна служба Сигурими.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img