More

    Ако се плеткаат со еквадорскиот народ, се плеткаат со вооружените сили“

    spot_img

    „Ако се плеткаат со еквадорскиот народ, се плеткаат со вооружените сили“, гласи пораката на социјалните мрежи под кои се гледа како државата Еквадор ги изведе тенковите и војската на улиците за да се бори со 22 криминални нарко-банди и прогласи „внатрешен вооружен конфликт“.

    Нобоа во декретот дава исцрпен список на криминалните групи: „Агилас, АгиласКилер, АК47, Кабаљерос Оскурос, ЧонеКилер, Чонерос, Ковичерос, Куартал де лас Феас, Кубанос, Фаталес, Ганстер, Катер Пилер, Лагартос, Латин Кингс, Лобос, Лос п.27, Лос Тибурнес, Мафија18, Мафија Требало, Патронес, Р7, Тигеронес.

    Четири полицајци беа киднапирани откако беше издаден декретот. Вчера се случи криминален упад во телевизија во Еквадор каде луѓе со пушки ги нападнаа водителите.

     

    Тие банди, од кои повеќето беа улични само до пред неколку години, станаа крвави актери во трговијата со дрога со меѓународни пипала, откако Еквадор стана главна извозна точка за кокаин произведен во Перу и соседна Колумбија. Таа земја сега е опустошена од насилството на бандите и трговците со дрога.

    Јавниот непријател број 1, водачот наЧонерос, банда од околу 8.000 луѓе, според експертите, Адолфо Масијас, алијас „Фито“, избега од затворот во Гвајакил во неделата, предизвикувајќи невидена безбедносна криза низ целата земја, голема предизвик за претседателот Нобо (36), избран во ноември минатата година со ветување дека ќе ја врати безбедноста во земјата.

     

    Шефот на државата во последната точка од указот ја подвлекува потребата вооружените сили да дејствуваат „според меѓународното хуманитарно право и со почитување на човековите права“.

    Истовремено, владата на соседно Перу прогласи вонредна состојба долж нејзината северна граница со Еквадор.

    Перуанскиот премиер Алберто Отарола најави дека како дел од прогласувањето на вонредна состојба, ќе бидат распоредени одреден број воени трупи за поддршка на полициските сили.

    Тој додаде дека министрите за одбрана и за внатрешни работи на Перу ќе бидат во близина на границата за да ги координираат операциите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img