More

    64-годишната поп-икона Мадона заврши на интензивна нега со сериозна бактериска инфекција

    spot_img

    64-годишната поп-икона Мадона заврши на интензивна нега со сериозна бактериска инфекција. Поради здравствените проблеми на пејачката одложена е нејзината голема светска турнеја која требаше да започне на 15 јули од Ванкувер, Канада.

    -Мадона се опоравува од сериозната бактериска инфекција која ја задржа на интензивна нега неколку дена. Нејзиното здравје се подобрува, но сè уште е под медицинска нега. Се очекува целосно закрепнување, изјави нејзиниот менаџер Гај Осеари.

    Мадона објави видеа од пробите на социјалните мрежи неколку дена пред да ѝ се слоши и да биде пронајдена без свест.

    Пејачката се подготвуваше за својата турнеја „Celebration“, а минатата недела обожавателите на Инстаграм ги почести со фотографии од зад сцената за време на пробите. Освен фотографии, пејачката објави и снимки на сцената со нејзиниот тим. На нив Мадона изгледа одлично и никој не можеше ни да претпостави дека е болна.

    Веб-страницата „Пејџ шест“ на „Њујорк пост“ објави дека поп-ѕвездата била пренесена во болница бидејќи се чувствувала лошо. Нејзината глобална, речиси распродадена турнеја беше најавена како почит на повеќе од четиридецениската кариера на Мадона, а имаше закажани 84 концерти.

    Во САД, таа требаше да настапи во Детроит, Чикаго, Мајами и Њујорк, градот каде што започна нејзиниот легендарен подем. Беше планирано да продолжи во Европа, со концерти во Лондон, Барселона и Париз, а потоа да одржи и четири концерти во Мексико Сити.

    Мадона се упати кон Њујорк кон крајот на 1970-тите со само 35 долари во џебот, песната Like A Virgin од 1984 година ја постави на светската сцена на која владее безмалку четири децении.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img