More

    Потпретседателката на АфД го поканила на итен разговор

    spot_img

    Потпретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, го поканила претприемачот Илон Маск да ја посети во Бундестагот откако милијардерот јавно ја поддржал сѐ попопуларната десничарска партија, пишува Блумберг.

    Сопственикот на „Тесла“ ја добил поканата откако неодамна ги критикуваше демонстрациите организирани од екстремистичка муслиманска група во Хамбург.

    „Сигурен сум дека барањата за соборување на владата во Германија се незаконски“, напишал тој на платформата Икс.

    „Почитуван Илон Маск, настанот е само една од многуте вознемирувачки работи во Германија. Ве повикувам што побргу да ја посетите мојата канцеларија во германскиот Бундестаг за да разговараме подетално за сѐ“, му рекла Вајдел.

    Алтернатива за Германија е сѐ попопуларна во земјата, а со подемот на десницата низ Европа, групите се надеваат дека ќе формираат малцинство по изборите за Европскиот парламент што ќе може да влијае на политичките одлуки во Брисел.

    Десничарските партии се сѐ попопуларни на Стариот континент, но според Блумберг, некои анкети покажуваат дека нивната популарност благо опаѓа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img