More

    Ракетен напад врз воена база во близина на Лавов ,базата срамнета со земја!!

    spot_img

    Руските сили во неделата нападнаа воен објект во близина на полската граница, што украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников го нарече терористички напад. Во нападот има и жртви. Сирените за воздушниот напад повторно ги разбудија жителите на главниот град Киев, а продолжи маршот на руските војници на Мариупол, во кој има хуманитарна криза – залихите со храна и вода се при крај, а жителите немаат ни струја.Во ракетен напад врз воена база во близина на Лавов загинаа 20 лица, соопштија за Гардијан од службите за итни случаи.

    Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников нападот врз Меѓународниот центар за зачувување на мирот и безбедноста, кој се наоѓа западно од Лавов (25 километри од полската граница) го нарече тероризам.

    „Ова е нов терористички напад врз мирот и безбедноста во близина на границата ЕУ-НАТО. Мора да се преземат активности за да се запре ова. Затворете го воздушниот простор!“, рече тој.

    Резников додаде дека во воената база работат странски инструктори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img