More

    Српскиот претседател Александар Вучиќ им се извини на Словенците за изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ им се извини на Словенците за изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари. Ако повредив некого во Словенија, се извинувам, но нема да им се извинувам на словенечките политичари, изјави Вучиќ по седницата на советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк.

    – Јас реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се однесува на поединци и е поврзана со нивната политика. Секако дека не треба да се користи таков вокабулар, но јас човечки кажав што мислам за нивната политика  – рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.

    Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.

    – Доколку некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и во исто време да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ – рече Вучиќ.

    Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и како таква е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.

    – Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам премиерот  Роберт Голоб и претседателката Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Секако дека треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам во очи што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ – заклучи Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img